Македонија
9. October 2016 - 20:01

Потпишан договорот: Новата инвестиција отвара 1.000 работни места

Нова инвестицијаво Велес и отворање на 1000 работни места. Германски СТС Текстајлс  во погоните на поранешната Свилара ќе започне производство на технички и индустриски текстил. Првочно инвестицијата ќе биде четири милиони евра и ќе се вработат 50 лица. Ако се оди според планираното, проекциите се во наредните пет години инвестицијата да се зголеми на 7 милиони евра, а бројот на вработувања да порасне на 1.000.  Производите ќе се извезуваат на пазарите во Европа , во Германија, Италија Полска и Франција. Договорот за инвестирање надлежните го потпишаа денеска. 
 
Инвестицијата се реализирала за период од една година. Управителот на компанијата вели дека ова е нивна прва инвестиција надвор од Германија.
 
Новата инвестиција, ќе помогне за намалување на невработеноста во градот и околината.
 
СТС Текстајлс е компанија која  е прогласена во ТОП 100 иновативни компании во Германија.