Свет
19. February 2023 - 18:34

Посвоено бебето кое се роди во урнатините на Сирија, ќе се вика Афра

Посвоено бебето Аја кое се роди во урнатините по разорниот земјотрес во Сирија од страна на нејзините тетка и тетин, пренесува Ројтерс.

Иако првично беше соопштено дека ќе се вика Аја, сепак нејзиното ново семејство одлучи да и го даде името Афра, како што се викала нејзината мајка. 

- Ова девојче ни значи премногу бидејќи само таа ни остана од нејзиното семејство. Таа ќе ме потсетува мене и сите наши роднини на нејзините татко и мајка, изјавила тетката на бебето.

Претходно, откако беше објавено дека е извлечено новороденче од урнатините во разорниот сириски земјотрес се пријавија огромен број семејства кои сакаа да го посвојат.