Постигнат е договор за Брегзит меѓу ЕУ и Велика Британија
Постигнат е договор за Брегзит објави претседателот на Европската Комиисја Жан Клод Јункер.
„Таму каде постои волја, таму има и договор – го постигнавме! Тоа е фер и избалнасиран договор за ЕУ и Велика Британија што сведочи за нашата посветеност да се изнајде решение“, рече Јункер.
-Предлагам договорот да биде предложен на самитот на ЕУ, рече тој, пренесен од британските медиуми,
Дека има договор потврди и британскиот премиер Борис Џонсон.
„Имаме одличен нов договор“, напиша Џонсон на Твитер.
Двете страни работеа врз текстот на договорот, но нам и натаму ни е неопходна потврда од британскиот Парламент, но и од Европскиот Парламент, додаде Џонсон.
„Вол стрит џорнал“ напиша дека, сепак, станува збор само за „груб нацрт“ од договорот за „разводот“ на Велика Британија од ЕУ, како и дека пред преговарачите има уште многу работа околу деталите за усогласување и минување на процедурите низ парламентите.
Ново на Сител
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени
-
30 години дипломатски односи со Јапонија
-
Македонски шуми започнуваат со обнова на расадниците
-
Пазарите преплавени со лажен фалсификуван мед
-
Преглед на вестите од светот
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?