Постхумно објавена поетска книгата „Белутрак“ на Јордан Јорданоски
Друштвото за издавачка дејност Македоника литера од Скопје постхумно ја објави поетската книга на Јордан Јорданоски – „Белутрак“.
„Берлутрак“ е втора поетска книга на Јордан Јорданоски (1947 – 2017), писател и филолог. Содржи 120-тина песни, поделени во седум тематски циклуси. Карактеристично за оваа поетска книга е што покрај лирското, нуди големо лексичко богатство, првенствено црпено од архаичната и локалната (дијалектната) лексика. Лексичкиот раскош на книгата произлегува од неговиот однос спрема македонскиот јазик, но и од научната и професионалната вокација на авторот, кој сиот свој работен век го посвети на јазикот и говорот, а и магистрирал и докторирал на теми за изградувањето на говорот кај децата и за невролошката основа на говорот и јазикот, односно од областа на говорната патологија.
Негови објавени дела се научните трудови „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ (1995), „Невролошката основа на говорот и јазикот“ (2007), како и повеќе стручни трудови.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија