Балкан
24. March 2016 - 14:59

Последниве 24 часа на грчките острови не пристигнал ниту еден мигрант

Грција денеска соопшти дека во последните 24 часа на грчките острови на Егејското Море не пристигнал ниту еден мигрант, што се случува првпат од неделата, кога во сила стапи договорот меѓу ЕУ и Турција за спречување на масовниот прилив на бегалци. 

Грчките власти напоменуваат дека и лошите временски услови би можеле да бидат причина поради која мигрантите не доаѓаат од Турција. 

Како што јавија грќките медиуми, од вчера во Егејското Море дуваат силни ветрови. 

Повеќе од милион мигранти минатата година пристигнаа во Европа, од кои половината беа Сиријци.