Loading Video...
Спорт плус
16. јуни 2022 - 18:16

Последни подготовки за фајнал-форот во Будимпешта

Најдобрите македонски одбојкари ги прават последните подготовки пред заминувањето за Будимпешта, каде претстојниот викенд ќе играат на завршницата на Европската Сребрена лига.
 
Иако со многу доза на среќа македонската репрезентација групната фаза ја заврши како второпласирана и избори настап на фајнал-форот во Унгарија, сепак сега црвено-жолтите се со уште поголем ентузијазам ги одработуваат завршните подготовки.
 
Нашите одбојкари по седми пат ќе играат полуфинале во ова континентално натпреварување, третпат откако го носи епитетот „сребрена“, а за противник во полуфиналето ќе ја имаат селекцијата на Финска. 
 
Финците не ни е непознаница. Напротив. Во по последните години одигравме два натпревари и запишавме два порази и тоа на Европските првенства кога во 2019-тата и минатата година кога на два пати бевме поразени со 3-1.
 
За разлика од споменатите натпревари двете селекции се со видно изменети, подмладени состави, па затоа можеби и реално е да се надеваме на „трета среќа“. 
 
Полуфиналниот натпревар меѓу Македонија и Финска ќе се игра во сабота од 15 часот, а во второто полуфинале ќе се сретнат Романија и домаќинот Унгарија(18 часот).