-->
-->
Поскапува водата за пиење во општина Пехчево
-->
Со одлука на регулаторната комисија за енергетика за нешто помалку од 1,5 денар се зголемува цената на водата за пиењево Пехчево. Како што велат од претпријатието со новите цени на водата месечните сметки за потрошена количина вода за пиење ќе бидат поголеми за нешто повеќе од 10 денари по домаќинство.
-Покачувањето на водата во Пехчево е многу минимално. Поскапувањето на водата е резултат на тоа што имаме поголеми расходи во однос на доходите во претпријатието. Сметаме дека населението лесно ќе се приспособи на новата цена, бидејки истото нема да влијае во голема мера на месечните сметки во домаќинствата, истакна Горан Ајтарски, директор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Комуналец“ од Пехчево.
Старата цена на водата во Пехчево изнесуваше 26,4 денари, додека со покачувањето како што додава Ајтарски таа ќе изнесува 27,69 денари. За правните лица старата цена изнесуваше 52,8 денари, додека со новата цена корисниците ќе плаќаат 54 денари за метар кубен вода.
Поради минималното покачување на водата за пиење, од овој месец граѓаните на Пехчево ќе плаќаат и задолжителен фиксен додаток кој е одреден за физички и за правни лица од страна на Регулаторната комисија за енергетика за регулиран период од 2019-2021.
Овој фиксен додаток ќе ги чини граѓаните дополнителни 50 денари на месечната сметка, додека за фирмите новите месечни сметки се очекува да бидат повисоки за 70 денари. Со новите цени се очекува околу 800 корисници на водоводната мрежа на претпријатието да и донесат добивка од околу 25.000 евра годишно, кои како што додаваат од „Комуналец“ ќе бидат инвестирани во подобрување на услугите за своите корисници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград