Посебен сообраќаен режим во сабота и недела на мостот на поезијата
За безбедно одржување на Струшките вечери на поезијата на 29 и 30 август ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје на Струга, соопшти СВР Охрид.
Според портпаролот Стефан Димоски ќе има привремено ограничено движење на моторни и друг вид на возила по улицата „Партизанска“ кај „Мостот на поезијата“.
- Безбедносните мерки се насочени кон оперативно покривање, сообраќајно и физичко обезбедување на објектите и местата каде се планирани активностите, а ќе бидат во функција на непречено одвивање на овие значајни културни средби, иформира Димоски.
Полициските службеници ќе спроведуваат и другите законски овластувања како дел од севкупните безбедносни мерки.
- Имајки го во вид исклучителното значење на културната манифестација Струшки вечери на поезијата, до граѓаните апелираме на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила, нагласи Димоски.
Ново на Сител
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео