Македонија
27. August 2015 - 13:30

Посебен сообраќаен режим во сабота и недела на мостот на поезијата

За безбедно одржување на Струшките вечери на поезијата на 29 и 30 август ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје на Струга, соопшти СВР Охрид.

Според портпаролот Стефан Димоски ќе има привремено  ограничено движење на моторни и друг вид на возила по улицата „Партизанска“ кај „Мостот на поезијата“.

- Безбедносните мерки се насочени кон оперативно покривање, сообраќајно и физичко обезбедување на објектите и местата каде се планирани активностите, а ќе бидат во функција на непречено одвивање на овие значајни  културни средби, иформира Димоски.   

Полициските службеници ќе спроведуваат и другите законски овластувања како дел од севкупните безбедносни мерки.

- Имајки го во вид исклучителното значење на културната манифестација Струшки вечери на поезијата, до граѓаните апелираме на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила, нагласи Димоски.