Португалија го скрати времето на изолација од десет на седум дена
Португалските здравствени власти го скратуваат задолжителниот период на изолација на лицата заразени со Ковид-19 од 10 на седум дена доколку не покажат симптоми на болеста.
Регионот Мадеира, архипелаг во Атлантскиот Океан, дополнително го скрати задолжителниот период на изолација на пет дена, пишува португалскиот дневен весник „Диарио де Нотисиас”.
Во Португалија расте бројот на заразени луѓе, а Омикрон, кој брзо се шири, стана доминантен сој, и покрај тоа што земјата има една од највисоките стапки на вакцинација во светот, каде 87 отсто од 10-те милиони жители примиле најмалку две дози.
Денеска се пријавени рекорден број од 28.659 нови инфекции и 16 смртни случаи на пациенти со Ковид-19.
И покрај ширењето на инфекцијата, во болниците има помалку пациенти во споредба со претходните бранови на пандемијата, особено во одделенијата за интензивна нега.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис