Поројните дождови предизвикаа големи штети во Грција
Поројните дождови што ја зафатија Грција изминатиот период предизвикаа огромни штети во западниот дел на земјата, каде властите соопштија дека илјадници земјоделски површини се претвориле во езера.
Во исто време, жителите на овој дел на Грција бараат што побрзо да бидат обесштетени.
Поројни дождови ги зафатија градовите Агринио и Месолонги, но и многу села во тој регион. Поплавени беа приземјата на куќите, а по улиците имаше повеќе од еден метар вода. Многу реки се излеаја, а десетици луѓе беа евакуирани.
Тешка е ситуацијата и во Епир каде на многу места имаше лизгања на земјиште и поплавени згради, а пожарникари спасиваа луѓе од куќи кои биле затрупани со свлечишта и многу вода.
Властите предупредуваат и за зголемено ниво на водата во повеќе реки.
Ново на Сител
-
Петровска и Заков - Новата безбедносна реалност на европскиот континент повикува на сплотеност и соработка
-
Струмичкиот микро регион доби стратегија за развој на био економијата
-
Русија ги интензивира нападите во Донбас и ги спречува цивилите да избегаат, обвини Зеленски
-
Во понеделник почнува 41-то издание на малиот битолски монмартр
-
Родители на првачиња од Штип не сакаат да ги запишат своите деца во ОУ „Гоце Делчев“
-
Власта на СДСМ и ДУИ повторно ги доведува животите на пациентите во опасност
-
Европратениците го поддржаа Извештајот за напредокот на Македонија
-
Македонија се подготвува за најтешката зима - како да се запре инфлацијата?