Loading Video...
Спорт плус
2. September 2021 - 11:04
Пораз од Финска на старот на Европското првенство
Нашата најдобра машка одбојкарска репрезентација со пораз го започна своето второ учество на Европскиот шампионат. Тако и на дебито пред две години во Љубљана, така и овојпат македонските одбојкари се поразени во првото коло.
Во рамките од Ц групата чии средби се играат во финскиот град Тампере, Македонија загуби од домаќинот Финска со 3:1.
Првиот и вториот сет ги добоја Финците со 25-22 и 25-15, а нашите одбојкари се вратија во игра добивајќи го третиот со 24-26. Сепак, немаа сили докрај да направат пресврт, па домаќините го решија четвртиот сет во своја полза со 25-22 за конечни 3:1.
Иако очекуваа и најавуваа триумф над Финците, поразот ќе значи и потежок пат до остварување на целта, а тоа е пласман во следната фаза, односно да се мине групната рунда.
Шансата за тоа нашите одбојкари ќе ја бараат во следните три меча Холандија, Турција, Шпанија
Наредниот е веќе утре кога од 20 часот започнува дуелот против Холандија селекција која вечера игра против Шпанија.
Инаку во нашата група денеска (17 часот) ќе играат и Русија – Турција
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->