-->
-->
Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев позитивен на Ковид-19
-->
Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев објави на својот фејсбук профил дека добил позитивен корона тест.
„Почитувани,
Во текот на изминатите денови направив тест за кој денес добив позитивен резултат за Ковид 19. За жал и покрај сериозната претпазливост не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден.
Во овој момент се чувствувам добро, немам посериозни здравствени проблеми и се лекувам во домашни услови.
Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето.
Уверен сум дека и овој предизвик ќе го победиме со внимание, грижа и позитивна мисла. Чувајте се и бидете во добро здравје!“, стои во фб статусот на Чулев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот