Поранешниот европски првак втрча гол на терен
Поранешниот европски првак во фудбал изненади милиони низ светот кога истрча потполно гол на терен.
Ларс Елструп кој беше член на шампионската генерација на фудбалсакта реперезентација на Данска од 1992 година, повторно се наоѓа во центарот на вниманието, но овој пат поради инцидентот што го направи во текот на мечето меѓу Рандерс и Силкеборг.
Минатиот викенд во второто полувреме од споменатиот меч, 53-годишниот напаѓач втрча потполно гол на терен, а по неколку провокации - обезбедувањето го тргна од теренот.
Поранешниот играч на Фејенорд и Лутон повторно ја згрози јавноста, зошто како што пишуваат данските локални медиуми, не му е првпат ова да го прави.
Минатата година е изфрлен од своевиден култ, кога нападал момче, а за него се пишувало дека во неколку наврати се обидел да изврши самоубиство.
Ново на Сител
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун