Поранешни вработени во ОХИС на протест пред Владата
Поранешни вработени во ОХИС денеска протестираат пред Владата и бараат линеарна исплата на заостанатите 24 плати.
Како што велат, имаат добиено судска одлука за исплата на осум плати со камата, како и за исплата на 16 заостанати плати без камата, а добиле решение за авансна исплата на платите во износ од еден до 32 отсто од вредноста што им се должи во зависност од кој ДОЕЛ се.
Посочуваат дека се поранешни работници – технолошки вишок и нагласуваат заостанатите плати им се за периодот од 2003 година, а, како што велат, им било ветено дека ќе им бидат целосно исплатени по продажбата на ОХИС за која се земемени 7,1 милион евра, од кои им биле ветени 5,1 милион евра дека ќе бидат наменети за исплата на заостанатите плати.
Во моментов сообраќајната лента непосредно пред Владата е затворена за сообраќај и полиција го пренасочува сообраќајот, додека на другата сообраќајна лента сообраќајот се одвива нормално.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници