Поради ризик од пожари надлежните со апел да не се палат стрништа во Малешевијата

Надлежните апелираат до граѓаните од малешевскиот регион да не ги палат стрништата и сувата трева, бидејќи често пати тоа предизвикува пожар на отворен простор.
Апелот доаѓа откако во атарот на неколку села во пехчевско се забалежани ваквите појави, а најголем дел од нив во близина на куќите во селските средини.
-Сакаме да апелираме до граѓаните да внимаваат при палењето стрништа, бидејки секое едно невнимание може да биде фатално и по околината или не дај боже по граѓаните. Сами знаеме што се случи минатата година кога на почетокот на годината имавме многу пожари кои беа немилосрдни кон човековата околина, алармираат надлежните.
Освен апелот, надлежните предупредија и на високите казни кои се движат и до 5.000 евра.
-Палењето оган на отворено е забрането и затоа се предвидени и високи парични казни, што се движат од 500 до 5.000 евра, а покрај тоа сторителите треба да ја надоместат и штетата за доаѓањето на ТППЕ да ги гасне пожарите, дополнија од службите за вакви интервенции.
Во првите месеци од минатата година, Малешевијата беше на удар на пожарите, при што најголем дел од нив беа забележани на појасот која ги дели општините Пехчево и Берово. Во најголем дел од случаите гореше дабова шума со предизвикана штета од неколку илјади хектари.
Ново на Сител
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
