Поради поплави прогласена вонредна ситуација во американската држава Џорџија
Невреме проследено со обилни дождови од синоќа ги зафати северозападните делови на американската сојузна држава Џорџија, предизвикувајќи поплави во некои области.
Медиумите објавуваат снимки од поплавени патишта и сопственици на куќи кои се обидуваат да спречат водата да навлезе во нивните домови. Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, доцна синоќа прогласи вонредна состојба во окрузите Чатануга и Флојд и ги насочи државните ресурси да помогнат во активностите за справување со непогодата. Националната метеоролошка служба извести дека врнежите од дожд до два и пол сантиметри на час предизвикале пораст на нивото на водата во реките, поплавувајќи патишта и урбани средини.
Според гувернерот, во областа наврнал околу 30 сантиметри дожд. „Ова е исклучително опасна ситуација по живот. Не обидувајте се да патувате освен ако бегате од поплавено подрачје или не ви е наредено да се евакуирате“, соопшти метеоролошката служба, прогласувајќи вонредна состојба во неколку области. Во градот Самервил се апелира до населението да се преврива водата од градскиот водовод, поради тоа што со поплавите е зафатена и пречистителната станица.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Со повисоки субвенции до повеќе патници во авиосообраќајот
-
Тема на денот со проф. д-р Кети Ставриќ, имунолог
-
Пукале петарди и палеле жижици: Тројца малолетници го предизвикале големиот пожар кај Расадник
-
Критично кај Мариово
-
Премиерот објавува намалени цени во дел од книжарниците, граѓаните се жалат дека нема намалување
-
Реформа во образованието: Децата ќе остануваат подолго во училиште, ќе имаат многу спорт, интерактивна настава...
-
Потврден случај на морбили кај 12 годишно дете од Петровец – заразата е увезена од Србија