-->
-->
Поради ова чудесно растение живее со ХИВ 30 години!
-->
Корејскиот црвен женшен, во таа земја познат како „hongsam“, е медицинско растение кое ефективно веќе 30 години го чува имунитетот на пациент заразен со ХИВ, објавиле истражувачи од Јужна Кореја.
Пациентот на кој вируст ХИВ му е дијагностициран во 1987 година, оттогаш зема по 10 капсули црвен женшен на ден, а секоја содржи по 500mg од коренот на растението.
Притоа не примал никаква друга терапија, вели тимот на истражувачи кој го предводи професорот Чо Јанг-Ѓул, од Медицинскиот центар во Улсан Асан Универзитетот.
Пациентот не покажувал никакви симптоми на болеста за 31 година, а се заразил како што вели и самиот во 1985 година.
Случајот го привлече вниманието на целиот свет, бидејќи само неколку пациенти заразени од ХВ живееле подолго од 30 години.
Чо изјавил дека здравјето на пациентот во последно време се вложило, затоа што почнал нередовно да зема женшен.
Обично пациентите позитивни на ХИВ без лечење преживуваат околу 11 години.
Се чини дека црвениот женшен предизвикува оштетување на генетскиот код на вирусот, со што се блокира напредувањето на болеста, објаснува Чо.
Бројни студии покажале дека долгорочно конзумирање на црвен женшен помага за зајакнување на имунолошкиот систем кај луѓето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам