-->
-->
Поради објавата на Фејсбук ја загуби фотељата: Министерката за правда поднесе оставка
-->

Норвешката министерка за правда Силви Листауг поднесе денеска оставка поради својата објава на Фејсбук дека опозициската Лабуристичка партија повеќе е заинтересирана за заштита на правата на терористите отколку за норвешкиот народ.
Тоа е многу чувствителна тема за лабуристите, зошто се уште не се опоравиле од нападот на ултрадесничарот Андрес Брејвик во 2011 година, кога пукаше на подмладокот на Лабуристичката партија во летниот кампа на островот Утоја, убивајќи 69 луѓе.
Листауг, откако предизвика лутина на почетокот на март со својата објава, ја избриша спорната објава на Фејсбук и се извини.
Опозициските партии истакнаа дека не е искрена и дека треба да поднесе оставка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
-

СДСМ ги реализираше заканите - не дојде на состанок на работната група за Изборен законик
-

Раде Трајковски-Штекли осуден на осум години затвор
