Македонија
11. October 2019 - 16:39

Поради недостигот на врнежи доцни есенската сеидба

100-те литри наврнат дожд последните 4 месеци, не се доволни за потребната влaга на почвата која е потребна за да почне годинешната есенска сеидба во Пелагонија. Сеидбениот план досега го исполниле поd 20% од земјоделците, оние со поголема механизација. Потешки се условите кај земјоделците со послаба механизација.

-Ќе почекаме да заврне, трошоци има, не се ора, се оптеретуваат машините, има трошок, велат земјоделците.

Иако земјоделците чекаат да заврне дожд,  од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието велат дека не е толку важно колку литри дожд ќе заврне, туку врнежите да бидат рамномерно распределени и да нема поројни дождови.

-Потребно е помирен дожд, постабилна количина заради тоа што ако има поројни дождови се испира органскиот слој и може да нанесе штета, ВЕЛИ ЗОРАН БАРДАКОВСКИ, РАКОВОДИТЕЛ НА ПЕ АПРЗ БИТОЛА.

Од Агенцијата препорачуваат на површини каде нема наводнување да се одгледуваат култури кои се отпорни на суша.

-Да се применуваат правилни агротехнички мерки и со примената на правилни сорти, отпорни на суша, ќе може да се надминат овие меѓупериоди пред да се воведат системи за наводнување за сите култури за кои е неопходно, факт е дека земјоделство без вода не може да постои, изјави Бардаковски.

И минатата година земјоделците се соочија со истата состојба, кога исто така, заради слабите врнежи од дожд, доцнеше есенската сеидба.