Поради магла намалена видливоста на Попова Шапка и Крушево
Поради појава на магла, видливоста на Попова Шапка и Крушево е намалена на 30 – 50 метри, соопшти вечерва Автомосојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаб дожд врне во Битола, Прилеп, Железнец, Штип, Сарамзалино, Крива Паланка, Тетово и на планинските превои Буково, Плетвар, Стража и Маврово. На Попова Шапка провејува слаб снег кој не се задржува подолго на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Истражување: Со намалување на загадувањето може да се спречат околу 50 илјади смртни случаи во Европа
-
Рохани го повика Бајден САД да се врати на нуклаерниот договор
-
Заев со амбасадорите на ЕУ – членките: Поддршката за јасната ЕУ-перспектива на Македонија најсилната мотивација за нашите реформи
-
Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП
-
СВР Тетово го расчисти случајот со лицето кое со легитимација помина на патарина без да плати
-
Индија почнува со испорака на вакцини за соседните земји
-
Изминатата седмица санкционирани 209 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Грција започнува со издавање дигитален сертификат за вакцинација