Попоски:Македонските граѓани сакаат почитување на нивната волја
Граѓаните на Македонија не сакаат дестабилизација, туку само почитување на нивната волја и јасна визија за мир и развој во регионот, истакнал денеска македонскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Никола Попоски при учеството на седницата на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во Виена, соопшти МНР.
На состанокот Попоски одговарал на прашања од земјите членки на ОБСЕ поврзани со изгледите за надминување на политичката криза во државава, надворешното влијание, ризиците за нестабилност во регионот и изгледите за интеграција во ЕУ.
- Веруваме дека може да се врати дијалогот во институциите. Најдобар гарант за тоа да се случи се граѓаните на Македонија. Тие не сакаат дестабилизација, туку само почитување на нивната волја и јасна визија за мир и развој во регионот. Успеавме да направиме поголем број реформи како предуслов и спроведовме фер избори. Малкумина веруваа дека ќе надминеме се по патот. На крајот, потребна ни е само уште јасна иднина во ЕУ, истакнал Попоски.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период