Попоски се сретна францускиот државен секретар за европски прашања Дезир
Државниот секретар за европски прашања на Франција, Харлем Дезир на денешната средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски ја нагласил француската поддршка кон интеграцијата на Република Македонија во Европската унија, истакнувајќи дека верува во нејзината европска перспектива.
На средбата, како што соопшти МНР, се разговарало за развојот на внатрешно-политичките состојби во Република Македонија, исполнувањето на итните реформски приоритети, како и мигрантската криза со која се соочува цела Европа.
Министерот Попоски ја истакнал подготвеноста на сите политички актери за успешно спроведување на приоритетните реформи и политичкиот дијалог и ги реафирмирал македонските ставови за кредибилитетот на европската политика на проширување.
Еднодневната посета на Дезир, како што стои во соопштението на МНР, се искористи и за разгледување на статусот на билатералните односи меѓу Македонија и Франција, со акцент за интензивирање на политичкиот дијалог и развивање на франко-македонските односи преку интензивирање на економската соработка.
Ново на Сител
-
Што се знае за HMPV
-
Трамп објави мапа на САД со Канада како 51. сојузна држава
-
Интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски и Исени без доволна поддршка, ставовите за Даути допрва ќе се соопштат
-
Сончево и релативно топло, по котлините магла и ниски облаци
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот