-->
-->
Попоски на министерски состанок во Братислава
-->
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре во Братислава ќе учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.
Учеството на Попоски на состанокот е на покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Словачка Република Мирослав Лајчак, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ.
За време на состанокот, информира МНР, предвидено е министерот Попоски да оствари и билатерални средби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка
-
Преглед на вестите од светот
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче