Пополнети 35 болнички кревети на штипското Инфективно одделение
Триесет и петте болнички кревети на штипското Инфективно одделение се пополнети. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека на одделението се лекуваат 34 пациенти со дијагноза Ковид-19, а еден е сомнителен и се чека неговиот резултат од земениот брис. Раководството на болницата секојдневно проценува дали е потребно или не да се ослободи одделот за Неврологија, а тие пациенти да се преселат на Интерното одделение.
-Ситуацијата е таква, што пациентите кои можат да се лекуваат во домашни услови, се испраќаат дома, оние пациенти кои треба да лежат во болница се на одделението. Морам да кажам дека ситуацијата е под контрола, доколку има потреба се вклучуваат неколку кревети, кои секогаш се на располагање на Инфективното одделение, а и информирани се вработените на Неврологија, доколку има потреба да се ослободат некои простории, вели Шуманска.
На Инфективното одделение се лекуваат пациенти со коронавирусот од целиот источен регион, нивната состојба е средна, а има над пет пациенти, кои се со потешка, односно имаат потреба од повремена кислородна поддршка. Инфектологот, Дијана Шишкова за МИА вели дека секојдневно се следи состојбата и се одлучува, дали е потребно да се ослободи одделението за Неврологија во зависност од бројот на пациентите. Таква одлука денеска ќе нема, со оглед на бројот на пациентите на Инфективното одделение.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите