-->
-->
Попладнево ќе возат само 25 автобуси на ЈСП кои се на гас, другите немаат нафта
-->
Вработени во ЈСП Скопје соопштуваат дека од попладнево, јавниот превоз во Скопје ќе биде прекинат поради недостаток на нафта. Проблемот произлегува од неплатени долгови кон добавувачот „Пуцко петрол“, кој престанал со испорака на гориво.
Во сообраќај ќе останат само автобусите што користат гас - вкупно 25 возила. Автобусите веќе почнале да се исклучуваат од линиите бидејќи и базите во Автокоманда и Ѓорче Петров немаат резерви на гориво.
Од Град Скопје засега нема никакво официјално известување или план за решавање на проблемот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечната нето плата во септември 41.585 денари
-
Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија
-
20 годишник нападнал 60 годишен испитувач во сообраќаен испитен центар во Куманово
-
Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во Северна Македонија ќе наиде на единство на Албанците од цел Балкан
-
ЈО: Дадени се насоки на Управата за финансиска полиција да се испитаат постапките за јавни набавки за горивото за ЈСП
-
Нови снимки од Јупитер
-
Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
-
Јаневска: Францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина