Помпео: Државата не треба да ја водат руски ботови по социјалните мрежи, внимавајте на Кина!
Американскиот државен секретар Помпео по средбата во Охрид со Зоран Заев рече дека САД ќе продолжат да бидат партнер и да ја поддржуваат земјата. Помпео го истакна следното:
„Како водечка демократија во светот, САД ги поддржуваат државите кои се борат за владеење на правото, а борбата против корупцијата е од клучна важност како за членството во НАТО и ЕУ, така и за вашите граѓани. САД ќе продолжат да бидат партнер на Северна Македонија“, рече Помпео.
Тој зборуваше и за заканите од Русија и Кина и за економската соработка.
„Срцата и умовите на граѓаните треба да ја водат државата напред, а не руските ботови и тролови на социјалните медиуми. Сакам да ве предупредам за учеството на Кина во чувствителни технологии и нивната стратегија за подмитување при обезбедување на зделки. Претседателот Трамп во Обединетите Нации рече дека иднината им припаѓа на суверени и независни држави, коишто ги штитат своите граѓани и ги почитуваат соседите. Северна Македонија го одразува овој дух. Ние би сакале Македонија да биде слободна и без долгови“, рече американскиот државен секретар.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен