Помор на риба во реката Тополка кај Велес
- Помор на риба и заматување на реката Тополка кај Велес вчера била забележана од Државен инспектор за животна средина по пријава на полицијата при што веднаш излегле на терен и извршиле вонреден надзор.
Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, во записникот е констатирано дека на вливот на реката забележана е одредена количина на угинати риби, како и заматеност на водата со белузлава боја. Направен бил и надзор на речното корито под правниот субјект Каменолом и Варница Превалец – Технопавер Скопје, при што е констатирано дека над мостот на населбата Превалец е чиста водата, нема заматеност и нема угинати риби. Под испустот на отпадната вода од правниот субјект не е забележана угината риба во должина од 500 метри.
Во присуство на инспекторот, стручно лице – лаборант од Центарот за јавно здравје – Велес земал мостра од водата и е дадена за испитување. Издадена е привремена усна наредба за престанок на работа на сепарацијата до добивањето на резултатите од испитувањето. По добивањето на резултатите инспекторот ќе преземе понатамошни инспекциски мерки.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален