Свет
15. February 2017 - 17:38

Полските власти одобрија економски план вреден 460 милијарди евра

Полските медиуми денеска јавуваат дека владиниот економски план познат и како Моравиецки план, бил одобрен. Со планот се предвидени инвестиции од околу 460 милијарди евра во економијата на државата до 2020 година.

Се очекуваат инвестиции од Европската унија и од државните фирми до 2020 година.

Медиумите во Полска јавуваат дека со планот е предвидено зголемување на БДП на околу 80 отсто од просечниот за ЕУ. 

Планот има 316 страници и во него се нагласени имплементирање на реформи во законодавството за работни односи и зголемување на стапката на работоспособно население.