Полска одбележува 80 години од Варшавското востание
Полска денеска ја одбележува 80-годишнината од избувнувањето на Варшавското востание, најголемиот воен бунт на силите на отпорот во Европа по нацистичка окупација и еден од најтрагичните настани во историјата на земјата.
На 1 август 1944 година, во 17 часот, припадниците на полскиот отпор предводени од татковинската армија (Армија Крајова) почнаа вооружено востание во Варшава против нацистичкиот окупатор.
Воената цел беше да се ослободи Варшава од германската окупација пред пристигнувањето на советската Црвена армија за да се спречи создавањето на влада под советска контрола во Полска.
Сепак, востанието беше задушено по 63 дена борби, кои ги чинеа животите на речиси 200.000 Полјаци, повеќето од нив цивили. Останатите половина милион жители на Варшава беа депортирани, а градот беше речиси целосно уништен.
Годишнината се обележува со голем број настани, вклучувајќи миси, концерти и средби со последните преживеани полски борци на отпорот.
Иако востанието на крајот пропадна, полскиот претседател Анджеј Дуда синоќа за време на централната комеморативна церемонија, го нарече „морална основа на полската независност“.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски во Салцбург на 20. Европски самит
-
Нема опасност за посетителите на ЗОО Скопје доколку немале директен контакт со заболените птици
-
СЗО: Египет е земја без маларија
-
Слот по победата над Челси: Најтешкиот натпревар досега, вложивме неверојатен напор
-
Почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
ПМФЛ: Силекс го победи актуелниот шампион, Вардар поразен и од Беса
-
Алаба не се откажува, почна да трча без болки во коленото
-
Шпанската крајбрежна стража спасила над 230 мигранти кај Канарските острови