-->
-->
Алаба не се откажува, почна да трча без болки во коленото
-->
Давид Алаба нема да се пензионира предвреме, барем не се уште. Стоперот на Реал, кој е надвор од терените од крајот на 2023 година, ги демантира пишувањата на медиумите дека ќе мора да ја заврши кариерата поради хронични болки во коленото.
Како што пренесе „Марка“, австрискиот дефанзивец денеска отишол на тренинг и истрчал кругови без болки во оперираното колено. Се вели дека неговото закрепнување напредува, дека поминал некои тестови како што треба и дека во блиска иднина би требало да се приклучи на групните тренинзи и потоа да се врати во натпреварувањата на тимот.
-Во Реал ни требаат вистински играчи. Имаме млади играчи кои можат да придонесат за враќање на Алаба, кој го очекувам наскоро во тимот, изјави тренерот Карло Анчелоти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Словенецот Јака Малус е нов играч на Вардар
-
Приведен 44-годишен маж во кумановско, возел под дејство на алкохол
-
Земјава на 42 место во светот според Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници
-
Вчера 132 санкционирани возачи под дејство на алкохол, 114 без возачка дозвола
-
Попладне облачно со краткотраен пороен дожд
-
Поради неизгасната првомајска скара, изгореа куќа и штала
-
Кина: Коронавирусот можеби потекнува од САД
-
Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година