Полска и Украина почнаа соработка во индустријата за нафта и гас
Полската државна компанија за гас ПГНиГ објави дека склучила договор со Украина за соработка во вадење и истражување на нафта и гас во Украина.
Договорот се однесува на работа на проширување на полето Пржимисл на украинската страна од границата, соопшти главниот извршен директор на ПГНиГ, Пјотр Возниак.
– Би било штета да не ја искористиме можноста да соработуваме, особено во светлината на предизвиците со кои се соочуваме при преминот од оваа во следната година, а и подоцна, рече Возниак.
Тој додаде дека извлечениот гас може да се користи во Украина, но дека PGNiG би сакал дел од гасот да оди и во Полска.
– Овој договор нè прави активен играч на пазарот на гас во регионот и исто така придонесува за безбедноста на Полска и другите земји, рече помошникот на полскиот претседател Кшиштоф Шецерски на прес-конференцијата на која го најави договорот.
Во ноември, ПГНиГ склучи договор за снабдување со течен природен гас со Чениер Маркетинг со седиште во САД. Договорот опфаќа период од 24 години и предвидува испорака на вкупно 40,95 милијарди кубни метри природен гас. Тој стапува во сила следната година.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава