Loading Video...
Кошарка
11. September 2022 - 17:09

Полска и Финска се пласираа во 1/4-финалето на Евробаскетот

Полска и Финска обезбедија пласман во 1/4 финалето на Европското кошаркарско првенство, чија завршница се игра во Берлин. 
 
Во првиот меч од денешната осминафинална програма Полска ја победи селекцијата Украина со 94-86 и во четврфиналето ќе играат против актуелниот европски шампион Словенија. 
 
Со ист реултат 94–86 заврши и вториот денешен осминафинален дуел. Во него, Финците предводени од својата НБА ѕвезда Марканен и неговите 43 поени и 9 скокови ја совладаа Хрватска, па за противник во четвртфиналето ќе ја имаат Шпанија. 
 
Денеска на програмата се уште две осминафинални средби. 
 
Србија игра против Италија, а победникот од овој одии на мегдан на Франција во четвртфиналето во кое домаќинот Германија ќе го чека победникот од последниот осминафинален дуел во кој вечерва ќе играат Грција и Чешка.