Loading Video...
Спорт плус
30. September 2018 - 15:13

Полска и Бразил во финалето на СП

 
 
Потсетување дека вчера вардарци го одиграа својот меч од 3.коло и тоа на гости во Унгарија, каде го совладаа Веспрем со 27-25 , остварувајќи ја трета победа во новата сезона на ЛШ. 
 
Во следното коло Вардар го пречекува германскиот Рајн Некар Левен.
 
 
Одбојкарите на Полска и Бразил ќе се борат за златото на Светското првенство чија завршница се игра во италијанскиот град Торино. 
 
Бранителот на шампионскиот трофеј Полска во драматичното второ полуфинале ја победи репрезентацијата на САД со 3:2 во сетови
 
Американците имаа водство од 2-1 во сетови, но актуелните шампиони Полјаците успеаја да направат комплетен пресврт и да се изборат за своето второ финале на Мундијалите. 
 
 
А, Бразилците до шестото финале во кое ќе атакуваат на четвртата титула, стигнаа со убедливата победа во три сета (3:0) во полуфиналниот меч против Србија. 
 
Така во дуелот за бронзата ќе играат Србија и САД, а во финалето кое на програмата е од 21 часот и 15 минути ќе се сретнат Полска и Бразил.