Бизнис
10. May 2017 - 19:44

Политиките за привлекување странски инвеститори даваат резултати и затоа не треба да се менуваат

Политиките за привлекување инвестиции да не се менуваат. Странските компании кои доаѓаат во земјава тука се заради добрата локација, квалификуваната и евтина работна сила и поддршката која ја добивата од државата.

Нивната цел е да останат во земјава без разлика кој е на власт.

Дел од инветситорите одлуките за влез во земјава ги носеа во време на тешка политичка криза. Велат дека политичкиот амбиент за нив не е пресуден кога ги носат одлуките каде да ги вложат парите.

Во странските компании во земјава работат над 20.000 работници.

Токму на нивнта работа се должи стабилноста на економијта во услови на криза. Обезбедија раст на извозот и целосно ја сменија неговата структура.

Најавуваат дека во наредниот период клулно за нив ќе биде повеќе да сорабтуваат со домашните компании.