Полициска контрола во Тетовско, уапсени девет лица
Вкупно девет лица, четири албански и пет македонски државјани, се затекнати и приведени од полицијата во акциската контрола што изминатата ноќ, половина час по полноќ е спроведена во угостителскиот објект „Баци“ во Боговиње.
Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информираше дека во објектот имало три албански државјанки на возразст од 26 до 41 година кои биле вработени како пејачки и танчерки, како и еден маж од Албанија.
Тие биле приведени и задржани во полицискта станица во Тетово по што биле предадени за понатамошна постапка на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмизија.
Во полиција биле приведени и сопственикот на објектот Н.Ш.(33) од Боговиње како и четирите македонски државјанки кои, исто така, биле ангажирани како пејачки, танчарки и забавувачки на гостите.
Јосифовски посочи дека контролата во Боговиње е дел од активностите за откривање и законско санкционирање на странските државјани кои непријавено и спротивно на целта простојуваат на подарчјето, но и за откривање дали и колку тие се вклучени во трговија со луѓе или други нелегални активности.
Ново на Сител
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија