Полицијата запрела БМВ и во него пронашла дрога - сопственикот им приредил драма
Сообраќајната полиција при рутински преглед пронашле наркотична дрога во возило марка БМВ, сопственикот на автомобилот почнал да се спротуставува на полицијата, по што веднаш бил приведен.
- На 12.02.2018 година околу 22:15 часот, полициски службеници од Полициска станица Гостивар, на ул. „Никола Тесла“ во Гостивар запреле патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.С. (22) од Гостивар, а како сопатници се наоѓале и А.Д (21) од с.Долна Бањица и А.С. (23) од Гостивар. При преглед на возилото, зад совозачкото седиште била пронајдена наркотична дрога марихуана. При прегледот, А.С. (23) им се спротивставувал на полициските службеници и одбивал да влезе во службеното возило. Тој се обидел да избега и му ја скинал кошулата на еден од полициските службеници, при што му нанел и повреда на левата дланка. Тројцата биле приведени и задржани во Полициската станица Гостивар, стои во соопштението на полицијата.
По целосно расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени содоветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Што доби, а што загуби Македонија од договорот од Преспа?
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан