Македонија
2. November 2018 - 20:01

Полицијата заплени 6 килограми марихуана во Стојаково

Полицијата заплени над шест килограми марихуана во селото Стојаково во општина Богданци. Марихуната е пронајдена кај 48 годишен жител на селото.  Тој дрогата ја чувал во неговиот дом, а била откриена откако во истиот бил извршен претрес.

Според информациите од полцијата на 30 ти  минатиот месец со наредба на основниот суд во Гевгелија во домот на 48 годишниот жител на Стојаково бил извршен претрес по што е пронајдена поголема количина марихуана која  е одземена и заедно со останатите предмети дадена на вештачење.

Резултатите од вештачењето покажале дека пронајдената марихуана е со нето маса од над 6 килограми.  Засега нема информации за која намемна пријавениот ја чувал марихуната. Против него од  страна на полицијата во Гевгелија до основното јавно обвинителство во Велес  е поднесена кривична пријава. Тој се сомничи дека  сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.