-->
-->
Полицијата уапси повеќе дилери на дрога во државава - кај нив била пронајдена марихуана
-->
Вчера на ул.„Горан Миноски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Р.(32) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Во текот на вчерашниот ден околу 21.40 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода А.Џ.(24) од с.Црвица, кичевско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така вчера во 19.05 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле В.Д.(29) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гренланд ја отфрли идејата на Трамп за испраќање медицински брод
-

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор
-

Како со децата со атипичен развој | Огњен Самарџиќ и Добрина Костовска | Sitel Podcast 139
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
