Македонија
18. јуни 2023 - 11:30

Полицијата уапси двајца Турци - се обиделе да ограбат куќа во Центар

На 17.06.2023 во 21.50 часот на подрачје на Центар од полициски службеници се лишени од слобода У.Е.(47) и M.A.(43), двајцата од Р. Турција, затоа што, според пријавеното, се обиделе да одземат предмети од куќа на подрачје на Центар, но не успеале.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.