Полицијата тресеше во Арачиново, еве што пронајде при вчерашната акција
Различни пакувања со околу 150 килограми разновидни материи, за кои се претпоставува дека се наркотични дроги се пронајдени вчера при претрес на домовите и други простории кај две лица во Арачиново.
Како што информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на издадена наредба за претрес. Спроведен е во координација на ОЈО Скопје со Единицата за недозволена трговија и Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
По наредба на надлежен јавен обвинител, пронајдените материи се предадени на вештачење на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија