-->
-->
Полицијата трага по Фатима - заразила неколку лица со ХИВ
-->
Полицијата во Белград трага по Фатима А. (38) од Јордан поради сомневање дека во Белград и Суботица преку секс заразила неколку луѓе со ХИВ вирус.
Како што пишуваат српските медиуми по Фатима била распишана потерница откако во последните десет дена давајќи сексуални услуги за пари, довела до опасност неколку луѓе.
- Засега не е познато дали таа имала намера да го направи тоа или пак воопшто не знаела. Во последните денови имала односи со неколку мигранти, а и луѓе од Србија па заразени се неколкумина, - вели изворот на српски „Блиц“.
Според инфомациите на медиумот, пред да дојде во Белград, Фатима имала односи и со луѓе во прифатилиштето за бегалци во Суботица, па можно е бројот на жртви да е поголем од што се мисли.
- Дневно имала сексуални односи со неколку луѓе. Не е познато колку жртви има, - вели изворот.
Во соработка со Комесарот за бегалци, полицијата бара решение да ја најде Фатима и да ја смести во соодветна установа за лечење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници