Полицијата со солзавци го растури антивладиниот протест во Подгорица, има уапсени лидери на ДФ
Црногорската полиција синоќа употреби солзавец врз приврзаниците на опозицијата, кои се собраа да побараат оставка од Владата на премиерот Мило Ѓукановиќ, пренесоа американските медиуми.
Демонстраните се обидоа да упаднат во зградата на Парламентот, фрлајќи врз полициските кордони со молотови коктели и шишиња. Полицијата одговори со солзавец и флеш гранати. Демонстрантите беа потиснати во споредните улици околу Парламентот, каде се искршени неколку стакла на прозорци и излози на продавници.
-Во судирите се ранети 15 полицајци и 24 учесници на протестот, на вонредна прес конференција информира министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Рашко Коневиќ, цитиран од ТАСС.
Меѓу приведените се Андрија Мандиќ, лидер на Новите српски демократи и еден од лидерите на опозицискиот Демократски фронт, како опозицискиот пратеник Славен Радуновиќ.
Коневиќ изјави дека има и други уапсени, а обвинителството и полицијата ја анализираат ситуацијата.
Црногорската Влада веднаш синоќа на својот официјален налог на Твитер објави дека „демонстрантите брутално ја нападнале полицијата“.
„Демонстрантите се спречени во натамошните напади врз полицијата“, се наведува на официјалниот Твитер налог на Владата на Црна Гора.
Според очевидци, се слушнале и истрели, но засега не е познато кој пукал.
Во насобраната толпа влетал и еден автомобил, но во инцидентот нема настрадани луѓе, посочува ТАСС, повикувајќи се српската телевизија РТС.
Според локалните медиуми, на протестот во Подгорица се собраа демонстранти од цела земја. Црногорската радио и телевизија информира за најмалку 4.500 учесници, додека водачите на опозицискиот Демократски фронт, кои го организираа настанот, зборуваат за околу 30.000 лица.
Опозицијата е против политиката на премиерот Ѓукановиќ, вклучувајќи го и влезот на Црна Гора во НАТО. Демонстрантите бараат повлекување на премиерот и формирање привремена Влада.
Минатиот викенд опозицијата му даде на премиерот рок до 24 октомври да поднесе оставка, ветувајќи дека „цела Црна Гора ќе излезе“ на протест, доколку тоа не се случи.
Ѓукановиќ не поднесе оставка, изјавувајќи дека не гледа причина за тоа, потсети ТАСС.
Ново на Сител
-
Преку зголемена транспарентност и политичка комуникација до одговорни институции
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции