Полицијата пронајде марихуана и хероин во Битола - уапсени повеќе лица
На 10.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле претреси на повеќе локации во Битола и прегледи на повеќе лица, при што биле пронајдени хероин, марихуана и други предмети.
При претрес со судска наредба во домот на Л.Н.(39) од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети. При претрес во дом и други простории кои ги користи О.П.(44) од Битола, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат и се поврзани со кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
При преглед на П.П.(40) од Битола бил пронајден и одземен хероин, додека при преглед кај О.Д.(37) од Битола, исто така, бил пронајден и одземен хероин, а со него биле затекнати и Г.С.(20) од Битола и Ф.О.(36) од Ресен. Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.
Ново на Сител
-

40-годишна жена со „мерцедес“ усмрти пешак во Волково
-

Швајцарската полиција идентификува уште 16 жртви од пожарот во Кран-Монтана
-

Приведени малолетници, превезувале мигранти од Египет
-

Над 16.000 сообраќајки и 27.000 лица со последици за четири години, „Безбеден град“ како решение за неодговорното возење
-

Во цела држава утринските температури над нула
-

Велика Британија и Франција извршија напад врз локација на ИД во Сирија
-

Премиерот Мицкоски на отворање градинка во Сопиште
-

Мадуро префрлен во притворски центар во Њујорк
