Полицијата приведе двајца наркодилери
Вчера околу 20.40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Р.Ф.(23) од Гостивар, осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
По приведувањето, Р.Ф. бил предаден во Казнено поправната установа Тетово за издржување на затворската казна.
Ноќеска во 03.45 часот во Полициската станица Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија, од слобода бил лишен М.С.(25) од Штутгард-Сојузна Република Германија.
Лицето е задржано во полициската станица за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати