Полицијата повторно употреби гумени куршуми и солзавец врз демонстрантите во Хонг Конг
Полицијата во Хонг Конг употреби гумени куршуми и солзавец во судирот со продемократските демонстранти, јавија британските медиуми.
Според нив, полицијата ги отстранила демонстрантите од метро станиците Монг Кок и Принц Едвард, а едно лице е изнесено на носилка со маска за кислород. Две лица се хоспитализирани, но се наоѓале во стабила состојба.
Полицијата и демонстрантите често влегуваат во судири на метро станиците низ градот во текот на тримесечните протести што доведоа до најголемата криза во Хонг Конг откако Велика Британија во 1997 година и ја предаде власта на Кина.
Протестите се уште не ја губат својата сила, претставувајќи директна закана за властите во Пекинг.
Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, минатата недела изјави дека има „многу, многу ограничени“ можности за завршување на кризата која дојде до „национално ниво“, со што алудираше на властите во Пекинг, пренесоа британските медиуми.
Ново на Сител
-
Македонската репрезентација со 4 гола позитива на полувремето против Катар
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото