Македонија
11. September 2018 - 16:26

Полицијата откри нов случај на криумчарење мигранти

Нов случај на криумчарење мигранти откри гевгелиската полиција. Десетмината мигранти од кои осум од Пакистан и двајца од Авганистан биле откриени  синоќа при редовна контрола од страна на полицијата . Возилото марка БМВ со тетовски регистарски ознаки било запрено за контрола на булеварот Гевгелија, а  при прегледот во него биле откриени десетте мигранти.

Откако го запрел возилото возачот, 35 годишен жител на селото Студеничани побегнал од местото на настанот, но за кратко време бил стасан и лишен од слобода. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека мигрантите се задржани во полициската станица за граничен премин Богородица за понатамошна постапка.

 Овој е само еден во низата случаи со криумчарење мигранти кои полицијата скоро секојдневно ги открива. Од почетокот на годината па заклучно со месец јули  откриени се  29 такви случаи во кои имало обид да се прокриумчарат повеќе од 430 лица што е двојно повеќево однос на мината цела година. Против 30 лица  кои криумчареле мигранти се преземени мерки на кривичен прогон. Во првите седум месеци од оваа година на македонско грчата граница биле спречени и над 6600 обиди за илегално преминување на границата .