Полиција на секој чекор - полициски хеликоптери летаат над Скопје
Во големата сала на Врховниот Суд во Скопје денеска ќе продолжи судскиот процес за хоророт во кумановската Дива Населба. Според податоците на Телеграф, судењето кое се водеше зад затворени врати, денеска повторно ќе биде отворено за очите на јавноста, а треба да бидат сослушани последните двајца сведоци предложени од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Инаку, процесот трае веќе една година, беше оложуван и враќан од почеток. Судењето почна од почеток во јуни минатата година откако судот ги спои предметите „Дива населба“ и „Молња“, во кои вкупно 37 лица се осомничени за тероризам и за терористичка организација.
За потсетување, на 9 и на 10 мај, 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.
Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Ново на Сител
-
Почина новинарот и публицист Теофил Панчиќ
-
Стабилно време со студени утра и во наредните денови
-
„Нашите планови ги срушија за миг“, емотивен текст на момчето на Фросина
-
57-годишен маж од кочанско загина во сообраќајка
-
Генерално чистење во општина Кисела Вода
-
Успешно родени 33 жаби-младенчиња од загрозен вид во Лондон
-
Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар
-
Турција ќе прифати 15 Палестинци ослободени од израелските затвори