-->
-->
Полиција на погребот на Јелена: Убиецот бил во масата која пејачката ја испрати во вечното живеалиште
-->

Неколку десетина полицајци во цивилна облека вчера на погребот на Јелена Марјанович трагале по можниот убиец, бидејќи постои голема претпоставка дека тој би можел да се појави. Истовремено, полициски и специјални сили интензивно трагаат по потенцијални осомничени.
Проверени се десетина куќи во населбата Црвенка, која е најблизу до местото на монструозниот злочин.
Претресени се куќи на лица со кривични досиеа, а едно лице е приведено. Полицијата и натаму ги проверува објектите во кои би можеле да се кријат осомничените. Потсетуваме, вчера е приведен Игор Р. додека полицијата го бара неговиот брат Небојша Р. После сослушувањето Игор Р. е пуштен.

Според мислења на експерти, сметајќи дека во случајот на Јелена Крсмановиќ во прашање е злочин од страс, поткрепен со голема количина на омраза, постои можност убиецот да бил на погребот, иако шансите за тоа во пракса се многу мали.
Некои веднаш се убиваат по убиство од страст, други неколку дена потоа, но се помала е веројатноста дека ќе си го одземат животот ако тоа не го направат веднаш. 

Убијците знаат на погребот да гледаат со "други очи" кои гледаат што се случува и кој како се однесува.
Куќата на младиот, кој вчера е приведен на разговор е само на 200 метри каде е пронајдено телото на Јелена. Според неофицијални информации, сопругот на убиената Јелена Зоран Марјановиќ, дошол еден час по исчезнувањето на Јелена, тражејќи ги своите браќа за да ги праша дали ја виделе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ќе продолжи ли повластеното ДДВ кај дизелот од понеделник?
-

Еврокодови за посигурни градби: Ќе поскапи ли квадратот?
-

Седум дена нема хоспитализиран пациент со западно-нилска треска
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
