Показна изложба на НАТО во Гевгелија
Гевгелија е првиот од осум града во земјава каде НАТО силите претставија дел од воената опрема која се користи на најголемата заедничка воена вежба која се одржува во Северна Македонија на полигонот „Криволак“ под името „Одлучен удар“.
Граѓаните на Гевгелија и околината имаа привилегија први од блиску да видат дел од воената опрема на НАТО и да се запознаат со нејзините специфичности со помош на војниците кои одговараа на нивните прашања.
Изложби на дел од воената техника на НАТО ќе бидат организирани и во Свети Николе, Кавадарци, Радовиш, Струмица, Битола, Гостивар и последната на 5 јули во Скопје.
Во заедничката воена вежба учествуваат над 2.700 припадници на НАТО од армиите на Северна Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија.
Ново на Сител
-
Жители на Сингелиќ и Арачиново на протест пред ЕВН
-
Исплатени 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит за 47 компании
-
Опозицијата најавува закон за минимална плата
-
СДСМ обвинува за матни тендери во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ
-
Смртен случај на Пулмологија кој имал и грип – февруари со најмногу заболени во изминатите 15 години
-
Невладините го вклучија алармот: Надлежните мора да го одржуваат зеленилото во градот
-
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет
-
Нови инциденти во Белград и Атина